Меѓуграничната-соработка извор на стабилност Печати

Локална демократизација и развој - меѓународни перспективи

Од 2002 година е во тек проект за меќугранична соработка меѓу опшштините Гнилане, Прешево, Куманово и Трговиште

Тркалезната маса: “Локална демократизација и развој- меѓународни перспективи” оргазнизирана од страна на  Балканската  мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Македонскиот  центар за меѓународна соработка на првиот ден од НВО Саемот, преку излагањата на воведничарите  Ирена Иванова  -Европска агенција за реконструкција и  Криси Христ  од Институтот Исток -  Запад,  на присутните им понууди можност да се запознаат со актуелностите во обезбедување на средства од фондовите на Европската Унија, но и со практичното спроведување на проектите на теренот.



Преставничката на Европската агенција  за рекострукција Ирена Иванова  исцрпно го презентираше првиот документ за градење на  регионална соработка меѓу Македонија и соседните земји во регионот, во кој е содржана политиката на градење на стабилност и  економски развој. Презентираната програма се однесува на  прекугранична, транснационална соработка  со цел : одржлив развој во регионот, обезбедување на ефикасни граници, утврдување на активности со вклучување на повеќе групи луѓе во образовни и едукативни  групи како  и економски развој.

Програмата за развој на земјите соседи, се имплементира во периодот од 2004 - 2006 година преку постоечките програми КАРДС во Македонија и ФАРЕ во Бугарија, а  во нејзиното реализирање на теренот се вклучуваат локалните власти , граѓанските здруженија, стопанските комори, универзитетите ,  фондациите, центрите за обука  и сите културни институвии. Во рамките на програмата во 2006 година е  најавено реализирање на 3 главни соседски проекти, од кои 2 ќе бидат  проекти   за меѓугранична програма.

При презентацијата на програмата, е потенцирана отворената можност граѓанските организации да соработуваат со  преставниците на нивните колеги преку границите и да се развиваат разни можности за соработка,. Средствата од програмата ќе бидат достапни до  31. 12.  2009 година.

Своите искуства со примената на средства од меѓународни извори со кои се работи на демократизација на власта на теренот, на поврзување на граничните општини  на Македонија со Косово и Србија, ја презентираше претставничката на Институтот Ист - Вест  Криси Христ, која говореше за досегашното искуство стекнато со проектот наречен ГПКТ во кој се вклучени опшштините Гнилане, Прешево, Куманово и Трговиште започнат во 2002 година.  Специфичноста на овој проект, кој покажува штозначи меѓугранична   соработка, е како што нагласи Христ и во актуелната позиција на Косово, а неговата цел е и надминување на  конфликтите и развој на заедницата. Нејзиното искуство е позитивно, проектот покажал дека се надминуваат меѓусебните предрасудии и тензии на жителите во пограничниот регион.

“Постигнувањето на безбедност  во меѓуграничните подрачја е услов за отворање на можност на економски развој, меѓусебни бизниси, проток на капиталот”  истакна Христ.

Претставничката пак на здружението  “НИТ” од Хрватска  Марија Раос, ги пренесе своите  искуства во работа на  меѓугранични проекти, потенцирајќи дека  сеуше нивото на едукација за нивно имлементирање е ниско и дека во изминатите години во Хрватска, дури 30 % од  доделените средства останале неискористени. Таа сугерираше донаторите да ги земаа предвид спецификите при правењето програми кои што за жал, се менуваат брзо, а населението не е во можност да се прилагодува со истата динамика.