| Упатство за изложбен дел |
|
|
А. ОПШТ ДЕЛ Цел на упатството Со упатството се уредува начинот на организација на изложбениот дел на 3 НВО Саем – Форум на граѓанското опшетство во Македонија (НВО Саем).
Изложбен дел Изложбениот дел се состои од: - штандови на кои граѓанските организации ќе можат да ги изложат своите печатени материјали, фотографии и да ги презентираат резултатите од својата работа. - постер презентација која е наменета за граѓански организации кои немаат изложбен простор и треба да биде со димензија 90см x 70см (димензија на хамер). - презентација на публикации - презентација на постери - АВ презентација која се состои од компјутерско претставување на организациите во “MC Power Point” програма на видео бим.
Б. ПОСЕБЕН ДЕЛ Пријавување на учество Пријавувањето се врши по писмен пат на за тоа одреден образец.
Избор на учесници Изборот на учесници во изложбениот дел го врши Организациски одбор на НВО Саемот.
Одговорности на Организацискиот одбор Организацискиот одбор треба да обезбеди термин, простор и технички услови потребни за презентација на организациите. - Основен изложбен простор за презентација, кој изнесува 9м2 и се состои од: изработка на штандови од октанорам систем; дуплекс панел табли, покривање на штандови со теписон, инфо-пулт 2 од 50/50, испишување на име на учесник со блок букви на бараниот јазик, маса со 4 столици, осветлување со рефлектор, довод на електрична енергија. Доколку организациите имаат поинаква идеа или замисла за изгледот на својот штанд, можат самите да го уредат индивидуално, или во соработка со други организации. Секоја дополнителна опрема (посебно важи за организациите кои имаат штанд над 9м2) дополнително се наплаќа и се организира директно со Скопски саем. - постер држач, на кој ќе може да се постави постер со димензии 90см џ 70см (димензија на хамер). - Простор за изложување на публикации и постери во рамките на “галерија на постери” и “Галерија на книги”. - опрема за АВ презентација. Организацискиот одбор ќе обезбеди и општи информации за изложбениот дел во публикациите и огласите за НВО Саемот.
Одговорности на Учесникот Учесникот е должен да ја организира сопствената презентација. Организациите треба сами да ги уредат сопствените штандови и да ги изложат своите материјали за презентација. Постер презентација ја подготвуваат самите организации на постер со димензии 90см џ 70см (димензија на хамер). АВ презентација потребно е да биде подготвена во компјутерската програма “MC Power Point” од страна на организацијата, не повеќе од 20 страници. Презентацијата треба да биде доставена во просториите на МЦМС најдоцна до 14 ноември 2003 година до 12 часот на ЦД. Доколку презентацијата е помала од 1 МБ може да се достави на дискета или на следната е – маил адреса нвосаемЖмцмс.орг.мк. Организациите се должни самите да обезбедат дополнителна опрема која сметаат дека е потребна.
Трошоци за настанот Учесникот е должен да ја уплати предвидената партиципација до 14 ноември 2003 година (петок). Трошоците за учество на НВО Саемот се на сметка на учесникот.
Јазик на изложбениот дел Работен јазик на изложбениот дел е македонскиот јазик. Имињата на учесниците ќе бидат испишани на македонски јазик, и на друг јазик кој го употребува учесникот на НВО Саемот. Употребата на јазиците во изложбениот дел е право и одговорност на учесникот.
Евиденција на посета Посетителите на НВО Саемот се евидентираат, односно бројат. Евиденцијата ја организира Организацискиот одбор.
Регистрација Учесниците се регистрираат на 19 ноември од 16 до 21 часот кога можат и да го уредат својот штанд. Можат да се регистрираат исклучиво учесници кои ја имаат подмирено партиципацијата. Потврда за уплатата ќе биде копија од уплатницата која може да се испрати по факс (02 30 65 298) или да се приложи на рецепцијата при регистрација на организацијата. Со регистрацијата се добива пристап кон одредениот изложбен простор и се добиваат иденфикациски беџови.
Работно време Изложбениот дел е отворен од 09:30 до 19 часот секој ден за времетраење на саемот.
Специјални настани Учесникот може да организира посебни промотивни активности. За вклучување во програмата посебните промотивни активности треба да се најава при регистрацијата.
Ред Претставниците на учесникот треба да носат идентификациони беџови. Уредноста на штандот е одговорност на учесникот.
Забрана на продажба на штанд Забранета е продажба на штандовите, со исклучок кога предметите се поврзани со основната дејност на учесникот и во согласност со позитивните законски норми. (пр. Публикации на организациијата, промотивни маици, беџови, пенкала и сл.).
Забрана за партиска и друга активност Учесниците не смеат да вршат дистрибуција на партиски, религиозни и други материјали кои не се во согласност со основната дејност на учесникот.
Забрана на подзакуп на изложбен простор Учесникот може да го употребува изложбениот простор само за сопствена презентација.
Забрана на бизнис промоција Учесникот не може да врши бизнис промоција или дистрибуција на рекламен материјал за трговско друштво. Учесникот може да го истакне знакот и логото на своите финансиери и донатори.
Обезбедување Организациониот одбор не сноси одговорност за загуба, оштетување или кражба на изложени експонати. Учесникот е должен да води грижа за изнајмениот простор. Секоја настаната штета паѓа на товар на учесникот. Изложбениот дел ќе биде заклучен од 21 до 09 часот секој ден за времетраење на саемот.
Поради одржување на сесии во изложбениот дел строго е забрането пуштање на музика од индивидуалните штандови.
Затварање Учесникот е должен да го испразни изложбениот простор на 22 ноември од 19 до 22 часот и на 23 ноември од 09 до 12 ч. По тој период изложбениот простор ќе биде испразнет од организацискиот одбор. |